Чеде го однесе АЕЛ Лимасол во полуфиналето на Купот на Кипар!

226

Голем успех за АЕЛ Лимасол, тим кој што е предводен од еден од нашите најдобри тренери и екс – селектор, Чеде Јаневски. Имено Македонецот го однесе АЕЛ Лимасол во полуфиналето во Купот на Кипар.

Попладнево во ревааншот тимот на Чеде одигра 1:1 кај Неа Саламина, инаку првиот меч заврши со триумф од 1:0 па затоа овој денешен резултат сосема беше доволен за пласман во следната фаза во ова напреварување.

Да кажеме дека и денеска забележителен настап имаше Давор Здравковски.

ПретходноДанило во Јуве до 2025 година
СледноНовак го “преслуша“ Хуркач и се пласира во 1/2 финалето во Дубаи!