Во камерна или театарска атмосфера вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Е. Пелистер во својот трет настап во СЕХА во групата – А, успеа конечно да победи и со тоа да ја прекине лошата серија на евро – сцената. Триумф над Војводина со 30:25(14:12) иако веднаш треба да се каже дека гостите во Битола дојдоа со речиси вториот состав и со само 12 ракометари и без првиот тренер. Војводина беше дојдена само да одигра.
Летаргичен настап на Е. Пелистер, кои за разлика од минатите средби овојпат ја немаше поддршката од своите фанови, кои не кријат дека се лути на резултатите на нивниот миленик.
А се започна добро за битолчани. На стартот од мечот брзо се “одлепија“ резултатски и тоа на 6:1, но никако не успеваа, а тоа беше така во целото прво полувреме разликата да ја задржат и зголемат. Војводина постојано ја стигнуваше и намалуваше разликата. Несфатливо како тоа Е. Пелистер на моменти играше во речиси празната сала “Боро Чурлевски“. Колку толку само Данецот Кисум знаеше да биде на ниво со пет постигнати голови во првиот дел, Радовиќ и Кузманоски стрелаа по трипати.
Седмерците беа проблем, Е. Пелистер имаше реализација од 5:2. На крајот резултатот гласеше 14:12 за битолчани.
Во првата фаза од вториот дел, исто како и во првото полувреме. Е. Пелистер ќе постигне два – три гола, но Војводина ќе врати со мини – серија. Во тие моменти кај нашиот тим Хенеберг како да се разигра, но немаше којзнае каквва игра од сиот тим на Ларс Валтер. А Војводина си играше колку што можеше, ако се знае дека ова беше речиси вториот состав на тимот од Новид Сад.
Во 41.минута резултатот беше само 21:20 за домашните, голманот на гостите Марко Драшко.
Е сега дали Е. Пелистер сакаше со што помалку потрошена сила да победи или пак нешто друго, тоа го знаат само момците на Валтер.
Во 53.минута Е. Пелистер по вторпат имаше 5 голови предност, беше 27:22.
На крајот резултатот на семафорот покажуваше 30:25, а најдобар стрелец на мечот беше Кисум со 9 голови.