Во последниот меч од групната фаза Барселона славеше на гости кај Киелце со 31-32 и со тоа избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тоа е првпат Барселона без пораз да ја заврши групната фаза, а скорот им е 13 победи и едно реми.
Момците на Карлос Ортега одиграа добар меч, на полувреме водеа со 12-13 и на крајот успеаја да го совладаат полскиот состав кој заврши на второто место во групата Б.
Најефикасен кај Барса беше францускиот интернационалец Нгесан со 6 гола, а кај Киелце Морито даде 8.
Вечерва играат Магдебург-Динамо Букурешт и Порто-Висла Плоцк, тоа се мечеви од другата група.