Митревски и Порто со пораз од Висла, Maгдебург го освои второто место

111

Порто го заврши настапот во групата А од ЛШ на последното место со само пет освоени бода (2 победи и 1 реми). Вечерва португалската екипа доживеа пораз од Висла на домашен терен со 27:28. Иако во финишот се влезе со нерешено, сепак, гостинските играчи беа поснаодливи и ја однесоа победата.

Македонскиот голман Никола Митревски во дресот на Порто имаше 5 одбрани од 17 обиди.

На другиот меч од оваа група Магдебург го совлада Динамо Букурешт со 34:33.

Магдебург и ПСЖ патуваат во четвртфиналето, додека Висла, Динамо, ГОГ и Веспрем ќе одат во 1/8 финалето.

Од другата група во четвртфиналето одат Барселона и Киелце, додека Нант, Кил, Алборг и Пик Сегет ќе разигруваат во осминафиналето.

ПретходноНБА и НХЛ ѕвезди ги здружија силите и купија фудбалски клуб
СледноБарселона го совлада Реал на „Бернабеу“ и се приближи до финалето на Купот на кралот