Кошаркарите на Партизан убедливо ја совладаа Алба од Берлин со резултат 88:74 во меч од 26 коло на Евролигата. Алба во првото коло го надигра Партизан, но сега „црно-белите“ сервираа одмазда и останаа во трката за пласман меѓу осумте најдобри со скор од 14 победи и 12 порази.
До крајот на групната фаза остануваат осум натпревари.
Кошаркарите на Црвена Звезда имаа плус девет на средината на последната четвртина, а потоа претрпеа пораз од Баерн во Минхен. Најефикасни кај баварскиот тим беа Лучиќ и Винстон со по 20 поени, додека кај белградскиот тим Вилдоза 18, Кампацо 16, Недовиќ 15…
На другите натпревари: Барселона-Жалгирис 93:74, Панатинаикос – Ефес 82:87, Монако – Макаби ТА 86:67.