За неколку недели Серхио Рамос ќе наполни 37 години, но Шпанецот сè уште не планира да ги „закачи копачките“.
Според францускиот спортски весник „Л’Екип“, Рамос е во напредни преговори со ПСЖ и доколку страните не избрзуваат со никаква одлука, Рамос ќе остане во ПСЖ и следната сезона.
Според информациите, агентот на Серхио Рамос се надева на нов договор за да може престојот во Париз да продолжи и по оваа сезона.Во ПСЖ се расположени да му понудат нова едногодишна соработка, која веројатно ќе се случи во скоро време.
Рамос дојде во ПСЖ во 2021 година по цели 16 години минати во Реал Мадрид.










