Шансите за пласман на ЛА Лејкерс во плеј-офот од НБА лигата не изгледаат премногу добри. НБА тимот синоќа објави дека големата ѕвезда Леброн Џејмс ќе биде надвор од терените поради повреда на десната нога, најмалку три недели.
Тоа е голем период во кој Лејкерс нема да сметаат на својата главна ѕвезда и тоа во пресрет на одлучувачките дуели за пласман меѓу тимовите кои ќе разигруваат за титулата.
Лејкерс оваа сезона победија на само 30 од 63 натпревари и се наоѓаат дури на 11. место во Западната конференција.
Леброн Џејмс се повреди во неделната победа над Далас Маверикс со 111:108 и сега треба да пропушти околу десет натпревари.