Ислами заврши како 25. во квалификациите на 400 метри на ЕП во Истанбул

117

Македонската атлетичарка Дрита Ислами денеска се појави во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул. Во првата квалификациска трка таа го освои петтото место во конкуренција на шест атлетичарки со време 55,86 секунди, што е за педесетина стотинки послабо време од нејзиниот најдобар резултат поставен пред две години на Кипар (55,32).

Во вкупниот пласман во квалификациите Ислами заврши на 25. место во конкуренција на 27 атлетичарки. Утре на трката на 3000 метри треба да настапи Дарио Ивановски.

ПретходноНиколиќ пред ФМП: Сигурен сум дека моите кошаркари ќе ја сфатат важноста на оваа пресметка!
СледноЗа Лејкерс плеј-офот се понедостижен: Леброн мора на пауза од најмалку три недели