Уште еден скандал доаѓа во мак-кошаркарка. По обидот за измама на женскиот тим на Вардар да внесе кошаркарка на теренот која не била пријавена пред истиот од страна Александар Ашаданов, актуелниот селектор на најдобриот национален тим, во Тетово било навистина жестоко.
Во овој град се одигра меч од Третата лига. А истиот не се доиграл, откако гостите го повлекле тимот бидејќи домаќинот немал доктор. Тетекс пред мечот им објаснил на своите противници дека докторот ќе доцни бидејќи бил со фудбалскиот тим на Тетекс, откако Љуботен се согласил дошло до неверојатна пресвртница. Еден од кошаркарите на гостите се повредил, иако не било ништо сериозно, тренерот инсистирал да дојде доктор. Во мреѓувреме тренерот на Љуботен, Милан Сотироски го изгубил трпението почнал да удира по засписничката маса, а по половина час ја повлекол екипата. Иако докторот дошол, тој не сакал да слушне за продолжување на мечот. Ова не е крајот, Сотироски толку излегол од контрола што морала да интервенира и полицијата.
За овие случувања комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ додели соодветни казни.
Мечот е регистриран со службена победа на Тетекс. Тренерот на гостите, Сотироски има забрана за вршење на должност од четири меча во сите натпреварувања. Љуботен ќе плати 80.000 денари за самоволно повлекување на тимот. Тетекс доби парична казна од 30.000 денари за кршење на актите на КФСМ.
Во продолжение се сите казни.