Вечерва во меч од 24.коло во Ла Лига, Сосиедад на свој терен одигра само 0:0 против Кадиз. Домашните со ова загубија два златни бода во битката за пласман во Лигата на шампионите. Посебно ако се знае дека гостите се во долниот дел на табелата и важеа за големи аутсајдери.
Сосиедад го диктираше темпото, имаше и неколку шанси, но сепак на крајот овој меч заврши без голови.
Да кажеме дека на оваа средба се играше дури 12 минути судиско продолжение.










