Шифрин и Гоџа ги заверија титулите во Светскиот куп

102

Норвешката скијачка Кајса Викхоф Ли ги израдува домашните фанови со победата на спустот во Квитфјел со што стана првата норвешка скијачка која успеала да победи во оваа дисциплина во Светскиот куп. Викхоф Ли го одбра местото и моментот за славење, а ова се одлични моменти за неа после страшната повреда пред две години поради што нејзината кариера беше под знак прашалник.

Меѓутоа нејзината победа ја засенија титулите на великанките во овој спорт, Микаела Шифрин и Софија Гоџа. Шифрин го потврди петтиот „Кристален глобус“ во Светскиот куп (севкупен победник во СК) додека Гоџа, која заврши втора во Квитфјел, се закити со „Малиот кристален глобус“ како најдобра во спуст трките сезонава во СК што е нејзин трет трофеј по ред во оваа дисциплина.

Следно за дамите е супервелеслаломот исто така во Квитфјел во недела на 5 март.

 

ПретходноНајлудиот црвен картон во историјата: Да ви е*ам мајката лоповска, стопати! (ВИДЕО)
СледноХакими и официјално под истрага: Девојката во детали раскажа што се и правел фудбалерот на ПСЖ!