Најголемото изненадување во овогодинешниот Бундес лига шампионат, тимот на Унион Берлин полека но сигурно влгува во играчка и резултатска криза.
Денеска на домашен терен, Унион одигра само 0:0 против тимот на Келн и уште повеќе се оддалечи од првото место.
Од друга страна пак во битката на дното, Шалке се надмина себеси денеска и со 0:2 го совлада Бохум со што колку толку си ја поправи ситуацијата.
Маинц пак, со голот на Бариеро мининално го совлада Хофенхајм на свој терен.
Резултати:
Аугзбург – Вердер 2:1
Борусија М. – Фрајбург 0:0
Бохум – Шалке 0:2
Маинц – Хофенхајм 1:0
Унион Берлин – 0:0