ПМФЛ: Брегалница има сила за триумф над Шкендија, Силекс гостува во Прилеп, “лавовите“ го пречекуваат Тиквеш

214

 

По вчерашните два меча во Кичево и Велес, на кои беа постигнати вкупно 10 голови, денеска од 14 часот со трите преостанатите натпревари продолжуваат возбудувањата во рамките на 21.коло. Секако дека во преден план е дербито во Штип, каде се очекува и голема посета на стадионот под Исарот, во кое силите ќе ги одмерат Брегалница и Шкендија.

Горан Здравков одлично ја почна својата одисеја како тренер на “сините“, освои со својот тим четири бода во првите два меча. Сега на ред е Шкендија. Јасно е дека Брегалница има квалитет, има сила во себе да го продолжи позитивниот тренд. Потпомогнати од своите фанови, од “фалангата“, секако дека играчите на Брегалница ако одиграат како со Работнички во минатото коло може и треба да се надеваат на триумф и над Шкендија.

Силекс гостува во Прилеп каде на средбата со Победа е апсолутен фаворит. Кратовци по триумфот над Шкупи во минатото коло мора и треба да триумфираат и над веќе отпишаната Победа. Сепак фудбал е тоа, ништо однапред не се знае, треба да се даде максимумот ако се сакаат тие три бода.

И во последниот меч од ова коло, Македонија ЃП го дочекува Тиквеш. Се очекува тоа да биде интересен и неизвесен дуел во кој секој резултат е во “игра“.

Да потсетиме дека вчера Шкупи и А. Пандев одиграа 3:3 а Работнички убедливо со 4:0 го победи Скопје.

Лидерот Струга ТЛ во ова коло е слободна.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

ПОБЕДА – СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ

ВЧЕРА:

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 3:3

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 4:0

СТРУГА ТЛ (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 31, Силекс 29, Тиквеш 28, Брегалница 25, Работнички 24, Македонија ЃП 21, А. Пандев 16, Победа 13, Скопје 13….

ПретходноСуарез: Нејмар не сакаше да оди во ПСЖ, но не можеше против семејството!
СледноЛазаров прозива за двомечот со Португалија!