И тоа се случува: Тренер на полски клуб го натепал претседателот на клубот

227

Од полската трета фудбалска лига доаѓаат шокантни вести. Откако низ тамошните меидуми веќе еден месец се пишува за нарушените односи меѓу тренерот и претседалето на клубот Мотор Лублин, сега стигна информација и за физичка пресметка меѓу двајцата.

По испаѓањето од Купот на Полска, Мотор Лублин влезе во победничка серија во лигата која го донесе на неколку позиции од плеј-офот за влез во Втората лига. Тимот предводен од тренерот Гонкало Фејо место по резултатите, во медиумите е редовно поради односот внатре во управата на тимот.

Тренерот Гонкало Фејо наводно го нападнал претседателот Павел Томчик при што, вториот се здобил со сериозни повреди. Како што објавија некои медиуми, Фејо наводно го удрил претседателот со послужавник и му ја расекол главата. Претседателот на Мотор завршил во болница.

Засега од клубот не ги потврдија, ниту демантираа информациите.

ПретходноИ официјално: Мирсад Јонуз е стратег на Скопје, веќе го одржа и првиот тренинг! (ФОТО)
СледноСудии за ВМФЛ: Трпчевски ќе им суди на Гостивар и Пелистер!