Македонската интернационалка во шампионот на Бугарија, тимот на НСА Софија, Викторија Донева се закити со седмата титула првак во својата богата кариера.
Голманот на НСА Софија претходно имаше успеси и во домашниот шампионат на Македонија, како и во шампионатот на Словенија, а сега три пати по ред е првак на Бугарија.
Редовен учесник е во Лигата на Шампионите, минатата сезона со својот клуб, го елиминираше нашиот шампионт, тимот на Каменица Саса, а потоа по голема борба беше елиминирана од првакот на Србија, тимот на Спартак Суботица.
„Секако дека е голема чест и задоволство да се биде повторно најдобар. Титулите се редат но сакаме и успеси во Европа, и затоа годинава ќе дадеме се од себе повторно да минеме неколку рунди во Лигата на Шампионите“ – изјави Донева за Спортмедиа.