Прва лига жени: Бадел 1861 ја доби драмата со МЗТ Скопје!

122

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, МЗТ Скопје беше совладан од актуелен шампион, Бадел 1862 со 63-65 во дербито на 12 коло од Првата лига-жени.

По изедначената прва четвртина, со минимално водство на „аеродромки“, Бадел 1862 ја направи клучната предност во втората. До полувремето „баделки“ поведоа со (35:27). И таа разлика успеаа да ја задржат до самиот крај. Со помош која стигна од Матиеу која реализираше 19 поени, Димитријевиќ која постигна 17, и Маркоска, стрелец на 13 поени.

На другата страна, недостасуваше една од најдобрите, Американката Џои Симонс. Нејзината сонародничка, Оливија Ли имаше 26 реализации, Митрева постигна 23 поени.

Составот на Баскет Кам 2011 ја прекина мини-серијата на неуспешни игри со победа во Струга. Екипата од Македонска Каменица стигна до нималку лесен триумф (60:54), кој им дава комфорна предност од две победи (скор 10-2), во однос на двоецот Бадел 1862 и Вардар (двете по 8-4).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Крива Паланка – Гризли            94:62

Струга 2009 – Баскет Кам 2011           54:60

Вардар – Пробаскет        93:51

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862 63:65

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 22, Бадел 1862 20, Вардар 19, Крива Паланка 19, МЗТ Скопје Аеродром 18, Струга 2009 17, Гризли 15, Пробаскет 12;

ИДНО КОЛО (11.03)

Струга 2009 – Крива Паланка

Пробаскет – Гризли

Баскет Кам – МЗТ Скопје Аеродром

Бадел 1862 – Вардар

ПретходноСудии за ПМФЛ: Стојчевски ќе го суди мега – дербито во Струга!
СледноИ официјално: Мирсад Јонуз е стратег на Скопје, веќе го одржа и првиот тренинг! (ФОТО)