ТФТ запиша нов пораз во АБА2-лига и веќе се отпиша од трката за место во првите осум екипи. Избраниците на Боро Смилковски се поразени од последнопласираниот тим на Горца со 83-64. Батрик имаше 14 поени, додека Костоски мечот го заврши со 12.
Тимот од Тафталиџе добро го почна мечот, изгледаше дека оваа средба ја има во раце. Отвори со 0-6, имаше и плус пет (13-18). По 21-23 во десетата минута. Горица со серија од 8-0 не само што го превзема водството (28-26), нешто подоцна дојде до двоцифрена позитива од 50-32. Во втората четвртина ТФТ даде девет поени, а прими 29.
По одморот беше рамноправен противник, во третата четвртина за еден поен беше подобар (21-22), но негативата изнесуваше 71-54. До крајот ТФТ не успеа да се врати до крајот.