Победа на Брентфорд – Тони со 22. гол од пенал од 22 обиди!

148

Екипата на Брентфорд го совлада Фулам со 3:2 во последниот меч од 26 коло на Премиер лигата. По првото полувреме беше 1:1, Пинок во 6. минута донесе водство за „пчеличките“, а изедначи Соломон во 39 минута.

Во второто полувреме два гола за Брентфорд и запечатена победа. Во 51 минута по прекршокот на Иса Диоп во својот шеснаесетник, сидијата свирна пенал.

Иван Тони ја погоди мрежата и ја продолжи 100% успешност од белата точка. Тој има импресивни 22 гола од пенал за Брентфорд од 22 обиди (10 од 10 само во Премиер лигата)!

Во 85 минута Кевин Шејд испрати одличен пас до Матијан Јенсен кој го совлада голманот за 3:1 за деветта победа на Брентфорд сезонава. Во судиското продолжение Карлос Винисиус само го намали поразот за Фулам кој е деветти пораз сезонава.

Брентфорд е на деветтото место на табелата со 38 бода, а Фулам е на седмото со бод повеќе.

ПретходноТорино победи после три меча без успех – совладана е Болоња (видео)
СледноЕмбид и Харден се убиствен тандем (ВИДЕО)