Тимот на Борусија Дортмунд денеска во рамките од 1/8 финалниот реванш во Лигата на Шампионите има шанса да го елиминира големиот Челзи и да оствари голем успех. Првиот дуел во Германија, заврши со победа на „Милионерите“ од 1:0, но сепак, има уште цел еден натпревар за играње.
„ Мислам дека формата нема да одлучува за утрешниот натпревар. Ова е меч од елиминационата фаза, ние имаме мала предност и се е можно. Знаеме што не очекува, знаеме каков е нивниот квалитет. Во последните неколку недели не ги добија заслужените бодови“, рече Един Терзуќ, тренерот на Борусија Дортмунд па додаде.
„ Пред две години игравме со Манчестер Сити во четвртфиналето. Секако, ова е важен натпревар за клубот и сакаме да покажеме дека можеме да бидеме еден од осумте најдобри тимови во Европа “, продолжи тој.
Терзиќ зборуваше и за проблемите со почетниот голман на Борусија, Грегор Кобел: „ Грегор се лекува во Дортмунд во последните два дена. Од ден на ден се чувствуваше подобро. Ќе работиме со него и по тренингот ќе одлучиме дали ќе може да игра “ – рече Терзиќ.