Реал (М) протестира на судењето: Кон Барселона се попустливи, ни украдоа 4 бода!

580

Реал Мадрид смета дека судиите имаат негативно влијание врз резултатите на клубот во Ла Лига оваа сезона. Според весникот „АС“, повикувајќи се на извор од клубот, иако многумина сметаат дека судиите се попустливи кон „кралскиот клуб“, таму сметаат дека е сосема спротивно.

Сезонава имаше осум контроверзни настани, по кои според Реал Мадрид биле донесени погрешни одлуки во корист на ривалите. „Кралевите“ се убедени дека овие одлуки го забавиле темпото на голови во Ла Лига.

Станува збор за натпреварите против Севиља (3:1, прекршок на Папу Гомез врз Федерико Валверде), Жирона (1:1, раката на Марко Асенсио), Рајо Ваљекано (2:3, дуел на Иван Балиу и Винисиус), Кадиз ( 2:1, прекршок на Фали Хименез над Родриго), Виљареал (1:2, раката на Давид Алаба), Мајорка (0:1, 10 прекршоци над Винисиус) и Бетис (0:0, старт од Аитор Руибал и дуел со Вилијам Карваљо). Исто така, Реал Мадрид смета дека на натпреварот од Копа дел Реј против Барселона (0:1), Гави требало да добие казна за двата груби фаули.

Како што е наведено, Реал Мадрид верува дека судиите се попустливи кон Барселона. Мадриѓаните најмногу настрадаа од одлуките на ВАР оваа сезона (10 пати видео судиите досудија против Реал Мадрид и поради тоа тимот остана без најмаклку 4 бода). На натпреварите на Барселона имаше само 3 прекини на ВАР, а благодарение на нив тимот на Чави заработи 2 бода повеќе.

Да не постоеше ВАР, Реал сега ќе имаше 57 бода, а Барселона 60.

ПретходноМакедонија на 53. место на новата ФИБА листа
СледноДобри вести за „росонерите“: Милан ќе напаѓа со Жиру и Дијаз на реваншот со Тотенхем