Новиот прволигаш, тимот на Тиквеш денеска официјално, под водство на тренерот Пане Блажевски но и неговиот нов помошник Ѓорги Мојсов, стартуваше со летните подготовки.
Како прво засилување Кавадарчани го промовираа Иван Ивановски, досегашниот член на Силекс. Неколку играчи се на проба, а се појави и досега за Македонски фудбалски услови малку познатиот Леон Аризанов.
Крилен играч кој има 19. години и кој е Македонец роден во Германија, а има настапувано за екипите на Ниендорф односно Ротенбургер.
Тиквеш стартуваше дома, но набргу ќе замине на базични подготовки во Охрид.