Дефанзивецот на Арсенал со чудна изјава: Да не играв фудбал ќе бев градинар

341

Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, кој има и четири настапи за англиската репрезентација изјави дека не гледа фудбал и дека доколку не играл фудбал би работел како градинар.

Да не играв фудбал веројатно ќе работев со својот татко како градинар. Малку работев како градинар, но му се посветив на фудбалот и продолжив со овој спорт инаку не би ми било проблем да го работам тоа што го работеше татко ми“, објасни Вајт.

Исто така тој изјави дека како дете никогаш не гледал фудбал и изненади со изјавата дека ни сега не гледа натпревари.

Гледам снимки од свои натпревари за да ми помогнат да се подобрам, но не гледам натпревари за забава. Мислам дека татко ми никогаш не ми кажал да седнеме да гледаме натпревар на телевизија. Него не го интересира фудбал. Никогаш не сум го видел да гледа натпревар“, додаде Вајт.

 

ПретходноГОТОВО Е! Адеми стави потпис на договор со Кинезите, на 20 март лета за Пекинг
СледноЕвролига: Олимпијакос ја урна Барселона во дербито