Дербито на 27.коло на Евролигата му припадна на Олимпијакос. Атинскиот тим вечерва на домашен терен ја совлада Барселона со 77-70 и се зацврстија на чело на табелата со 19 победи и осум порази, една победа повеќе од вечерашниот ривал.
Барселона имаше добар старт, по 10 минути екипата на Шарунас Јасикевичиус имаше девет поени предност (20-11), меѓутоа во втората четвртина постигна само седум поени, па на полувреме домашниот тим отиде со два поени повеќе.
Во вториот дел Барселона само еднаш водеше 33:31, а до крајот ситуацијата на теренот ја контролираше Олимпијакос кој дојде до победата. Најефикасен кај победничката екипа беше Мексик со 16 поени, Лоренцакис постигна 14, а Везенков 13. Кај Барселона се истакна Никола Миротиќ со 19 поени.
РЕЗУЛТАТИ НА ДРУГИТЕ МЕЧЕВИ
Алба – Жалгирис 63-66
Олимпијакос – Барселона 77-70
Валенсија – Милано 84-88
Болоња – Партизан 79-87
Реал Мадрид – Басконија 81-85
Баерн – Лион во тек