Тотална доминација и убедлива победа на Бенфика за 1/4 финале во ЛШ

162

Тотална доминација, убедлива победа на Бенфика и заверка на местото во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Лисабонската екипа на својот „Луж“ со 5:1 го совлада Клуб Бриж и со вкупни 7:1 (поради победата од 2:0 на првиот меч во Белгија) и се пласира понатаму.

Во 2. минута Жоао Марио постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Сепак до крајот на првото полувреме домашните поведоа со 2:0. Стрелци Рафа Силва и Гонкало Рамос.

Рамос во 57 минута зголеми на 3:0, следуваше гол на Жоао Марио од пенал, а осум минути подоцна Давид Нереш зголеми на 5:0.

Бриж само го намали резултатот преку Бјорн Мејер во 89 минута.

ПретходноПелистер падна пред Крка!
СледноЧелзи слави четвртфинале, ја надокнади негативата од Дортмунд (видео)