Некогашната голема ѕвезда на француската Лига 1, напаѓачот Хатем Бен Арфа го доби судскиот спор против ПСЖ поради „морален прогон“. Тој ќе добие 100.000 евра отштета за плати и нематеријална штета од својот поранешен клуб.
Бен Арфа беше играч на ПСЖ од 2016 до 2018 година. Меѓу април 2017 година и јуни 2018 година, тој беше суспендиран од главниот тим на парижаните, што го сметаше за неправеден потег. Французинот побара отштета од парискиот клуб за непочитување на договорот во износ од 7 до 8 милиони евра.
За ПСЖ, Бен Арфа одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна 4 гола и 7 асистенции.