По само една полусезона мината во Сараево, стоперот Влатко Дробаров (30) се врати во Черно Море, во тимот каде минатата година играше одлично и од каде направи трансфер во “бордо“ тимот од Сараево.
Да потсетиме дека нашиот интернационалец во Черно Море, тим кој се натпреварува во елитната лига на Бугарија, играше цели две години и тоа со голем успех.
Претходно искусниот дефанзивец настапуваше и за екипите на Вардар, Скопје, Тетекс, Беласица, а интернационалната кариера го водеше од Србија па преку Кипар во С. Арабија, Бугарија, БиХ, Ерменија и Индија.