Каков шок од Италија: На Јуве ќе му се вратат одземените 15 бодови и тоа поради процедурална грешка?

9188

Неверојатно, тоа го има само во Италија и само кога станува збор за Јуентус. Имено денеска медиумите во Италија објавија шокантни вести дека поради процедурална грешка во истрагата за финансиските малверзации, би можело да му се вратат на Јуве тие одземени 15 бодови со кои ќе биде на делба на второто место со Интер.

А за што станува збор?

Имено не се совпаѓале датумите кога е направен извештајот на финансиските малверзации и отпочнувањето на официјалната истрага..

Има најави од редовите на адвокатскиот тим на Јуве дека тие се уверени дека оваа процедурална грешка значи дека на клубот од Торино мора да му се вратат тие 15 бодови.

Се разбира дека оваа теорија на Јуве треба и да се докаже.

Во секој случај ќе биде интересно во следните неколку денови.

ПретходноКалин Ивановски тргна победнички во Франција!
СледноРепрезентацијата е комплетна: Секогаш со срце за Македонија (ФОТО)