Репрезентацијата е комплетна: Секогаш со срце за Македонија (ФОТО)

1145

Македонската ракометна репрезентација ситно брои до првиот од двата квалификациски дуели против Португалија за место на Европското првенство 2024 година.

Последен на овие мини-подготовки се приклучи искусниот голман, Никола Митревски, кој од вчера тренира со останатите репрезентативци. Португалија е добро позната за Митревски, тој е член на Порто, добро го знае квалитетот на противникот.

Токму Митревски заедно со Кузмановски ќе бидат најискусните имиња, откако претходно за дуелите со Португалија откажаа неколку искусни имиња поради лични и приватни причини, како и поради повреди. Кирил Лазаров нема да смета на Манасков, Талески, Георгиевски, Пешевски, Танкоски…

Првиот меч со Португалија се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во 19 часот, реваншот е три дена подоцна во Порто.

ПретходноКаков шок од Италија: На Јуве ќе му се вратат одземените 15 бодови и тоа поради процедурална грешка?
СледноПод водство на Јовиќ и Шундовски – започна новата ера во Битола (ФОТО)