За Пелистер во продолжение на сезоната ќе биде задолжен Александар Јовиќ. По разделбата со Данецот, Ларс Валтер и елиминацијата во Европската лига, раководството на битолскиот тим одлучи да направи промена на клупата. Јовиќ го прекомандува од Е.Пелистер 2 во Е.Пелистер. Но ова не е единствениот новитет, Звонко Шундовски ќе биде тим-менаџер и ќе му помага на Јовиќ.
Целта оваа сезона е единствена, освојување на титулите во домашниот шампионат, и секако нов добар настап во СЕХА-лига. Раководството верува дека двоецот е најдобро решение и ќе донесе добри резултати.