Милер: Со Меси лесно се справувавме, против Роналдо секогаш имавме проблеми!

728

Баерн Минхен на домашен терен го победи ПСЖ со 2:0 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и се пласираше во четвртфиналето со вкупни 3:0.

По натпреварот, легендата на Баерн даде изјава која стана вирална. Томас Милер интересно ги спореди бројните и бурни искуства што ги имаше како играч на Баерн со фудбалери кои ги одбележаа последните две децении:

„Против Меси секогаш одеше лесно. Против Кристијано Роналдо пак секогаш имавме проблем додека играше за Реал. Но, имам голем респект за настапот на Меси на Светското првенство. Таму одигра неверојатно индивидуално, го предводеше целиот тим. Сега во ПСЖ, во таков тим не ми е лесно да игра. Тешко е да се воспостави рамнотежа“, рече Милер. 

ПретходноЈовиќ и Шундовски: Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола!
СледноРишарлисон: Оваа сезона е ср*ње!