ПОЗНАТ Е СОСТАВОТ: Лазаров одбра за пресметката со Португалија!

749

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) ќе ги одмери силите со Португалија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Добро е познато дека составот на нашиот национален тим е видно променет, нема бројни искусни имиња. Кирил Лазаров за првата од двете пресметки во оваа ЕХФ-недела го одреди составот. Новитети се Мартин Велковски за кого беше очекувано да се најде на конечниот список, како и повратникот Марко Мишевски, и Марко Митев.

Шанса за следната средба ќе чекаат Кизиќ, Аларов, Ќосевски и Младеновиќ.

Македонија има две победи на стартот исто како и Португалија, и двете селекции теоретски се пласирани на ЕП 2024 година.

ПретходноОваа Македонија нема што за загуби ама нема ниту да се предаде!
Следно18-годишниот Михаил Стојанов со потег на мечот против Борац Бања Лука (ВИДЕО)