Де Коло и следната сезона останува во Фенербахче

266

Француската кошаркарска ѕвезда, Нандо Де Коло го продолжи договорот со тимот на Фенербахче за уште една година.

Де Коло потпиша нов договор на својот 34-ти роденден, а минатата сезона за турскиот тим во Евролигата имаше просек од 15,8 поени, 3,9 асистенции и 3,2 скока по натпревар. Во досегашната кариера, францускиот кошаркар, кој игра како плејмејкер и бек, двапати ја освои титулата европски шампион со тимот на ЦСКА од Москва (2016 и 2019 година), а во 2016 година беше прогласен за најкорисен играч во Евролигата.

ПретходноПешевски со четири гола за победа на Штутгарт, Кузмановски и Хановер поразени
СледноМладите надежи до 17 години прегазени од Русија на турнир во Италија