Ако Бетис обезбеди место во ЛШ, Хоакин нема да оди во пензија

176

Капитенот на Реал Бетис, Хоакин Санчез е подготвен да го обнови договорот со клубот. 41-годишниот ветеран минатата сезона го освои Копа дел Реј со составот од Андалузија, откако го направи тоа првпат пред 17 години.

Една од причините поради која Хоакин сака да го продолжи договорот со Бетис е тоа што сака повторно да игра во Лигата на шампионите. Тоа значи дека доколку Бетис не се пласира меѓу најдобрите 4 на табелата, тогаш и тој веројатно ќе оди во пензија.

Бетис се наоѓа на 5. место во Ла Лига со 41 бод и е на три бода од четвртото место кое му дава право на настап во Лигата на шампионите.

ПретходноКЛ: АЕК на Тричко убедливо поразен од Вест Хем, Ница подобра од Шериф (ВИДЕО)
СледноТомовски: Се соочуваме со промени, мора да веруваме, да покажеме повеќе жар и борба!