Нашиот репрезентативец Жарко Пешевски со Штутгарт стигна до победа во последните моменти од гостувањето кај Бергишер со 30:31. Штутгарт имаше одлична завршница, а Пешевски средбата ја заврши со 4 гола.
Филип Кузмановски и Хановер беа поразени на гостувањето кај Балинген со 30:26. Кузмановски постигна два гола, а имаше и една асистенција.