Ел Мундо Депортиво: Меси нема да тргне по стапките на Кристијано Роналдо

377

Откако ПСЖ уште еднаш прописно се обрука во Лигата на Шампионите и испадна уште во раната елиминацона фаза, како и секоја година откако ќе се случи тоа, се почнува со лавината шпекулации околу распадот на супер тимот на парижаните. Дека Мбапе оди во Реал Мадрид, дека Нејмар ќе замине некаде во Премиер лигата за „тешки милиони“, и дека Лионел Меси ќе се пресели на некоја егзотична фудбалска дестинација.

Сепак, како што пишува денешното издание на Ел Мундо Депортиво, Лионел Меси нема да тргне по стапките на неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо и нема да се пресели на Блискиот Исток. Ниту пак ќе се врати во Аргнетина за да ја заврши својата кариера. Не доаѓа во предвид ниту заминување во САД, туку аргентинецот ќе го направи она што најмалку се очекува од него во моментов. Ќе продолжи да игра на највисоко можно ниво. И тоа многу веројатно нема да го стори во ПСЖ туку ќе бара алтернатива. Враќање во Барселона секогаш е опција, иако според написот, Жоан Лапорта и Лионел Меси немаат контакт веќе година и пол.

Од друга страна пак не е исклучена ниту можноста да замине во Премиер лигата и да заигра за некој од тамошните великани.

 

ПретходноКако одговорот на испаѓањето од ЛШ, ПСЖ ќе го купи Мегваер
СледноБОНУС НА ДОБИВКА ДО НЕВЕРОJАТНИ 650% НА 2WIN.MK