Младите надежи до 17 години прегазени од Русија на турнир во Италија

2479

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 17 години загуби убедливо од Русија со 5:0 на првиот меч на турнирот во италијанскиот граг Градишка, кој се одржува од 22 до 28 јуни.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа прегазени од своите врсници од Русија. „Зборнаја“ водеше со 2:0 на полувреме со двата гола на Денис Макаров, а во вториот дел Русите постигнаа уште три гола преку Барановски, Смелов и Кишиев. Покрај нашата репрезентација, на овој турнир ќе учествуваати селекциите на Албанија и Словенија.

ПретходноДе Коло и следната сезона останува во Фенербахче
СледноВлезе меѓу легендите: Роналдо најдобар стрелец на европските и светските првенства!