Бразилската мега – ѕвезда и напаѓач на ПСЖ успешно е опериран и тоа во Доха (Катар). Познато е дека Бразилецот се повреди на мечот со Лил, страдаше зглобот и затоа мораше да биде подвргнат на оперативен зафат.
Како што пренесува Л`Екип, операцијата на зглобот на десната нога минала во најдобар ред, но сепак се уште не се знае точно колку месеци тој ќе биде надвор од терените.
Во секој случај за него оваа сезона е веќе завршена.