Конте кон Ришарлисон: Се однесува себично, а тоа не е добро за тимот

295

Италијанскиот тренер Антонио Конте го критикуваше бразилскиот напаѓач Ришарлисон. Тотенхем испадна од осминафиналето на ЛШ, беше елиминиран и од ФА Купот и од Лига купот, далеку од во трката по титулата во Премиер лигата па тоа ќе биде уште една разочарувачка сезона за лондонскиот клуб.

По елиминацијата од Милан, големото засилување Ришарлисон, кој даде само два гола во 25 натпревари, а ниту еден во Премиер лигата, јавно се пожали на настапите.

Професионалец сум, секојдневно работам и сакам да играм. Ми недостасуваат минути, сакам повеќе да играм. Оваа сезона е сра*е“, се пожали Бразилецот.

А Конте на денешната прес-конференција пред претстојниот првенствен меч одговори.

Го гледав неговото интервју. Не ме критикуваше мене туку пцуеше дека неговата сезона е лоша. И во право е. Неговата сезона не е добра. Беше повреден, па играше и даде гол во ЛШ. Потоа отиде на Мундијалот и сериозно се повреди. Не даде ниту еден гол во Премиер лигата. Мислам дека е искрен кога кажа дека сезонатаа не е добра. Но таа уште не е готова. Ако заслужи ќе му дадам шанса“, изјави Конте кој му најде замерка на Бразилецот.

Што се однесува до другиот дел од интервјуто… Кога зборувате во прво лице еднина, наместо во множина, тоа значи дека сте себичен. Секогаш им кажувам на играчите зборот „јас“ да го заменат со „ние“ ако сакаат да направат нешто важно. Во спротивно мислам само на себе“, додаде Италијанецот.

Ришарлисон направи грешка во интервјуто и се извини. Добро е што во четири очи разјаснивме некои работи. Мораме да делуваме колективно и да покажеме позитивен дух во тешките ситуации“, заврши Конте.

ПретходноСтанковски погодува за Горица на втор меч по ред (видео)
СледноОфицијално: Службена победа за Пехчево, суспендиран теренот и клубот предаден на Дисциплинска!