Голем број играчи од различни клубови во англиската Премиер лига се подготвени да го бојкотираат задолжителното давање изјави по натпреварите за да му дадат поддршка на Гери Линекер кој беше суспендиран од програмата на државниот медиусми сервис Би-Би-Си .
Според Би-Би-Си, играчите стапиле во контакт со Англиската асоцијација на професионални фудбалери (ПФА) за да предупредат на бојкот и да се солидаризираат со Линекер. Се верува дека ПФА, која преговара со играчите и клубовите за ова прашање, ќе ги поддржи сите играчи кои ќе изберат да го сторат тоа.
Линекер беше суспендиран од емисијата „Мач на денот“, во која тој беше водител, поради критиките кои ги упатил кон владата. Алан Ширер, Иан Рајт и Алекс Скот подоцна се повлекоа од шоуто поради солидаризација кон Линекер.