Барса се „тресе“ од судијата Манзано: Само да не направи „масакр“ пред „Ел Класико“

1492

Фудбалерите на Барселона утре гостуваат кај Атлетик Билбао, една недела пред „Ел Класико“, но стравот не е толку голем од мечот, отколку од судијата кој ќе го суди. На центарот ќе биде Хесус Хил Манзано, омразениот судија во Каталонија, познат по „љубовта“ да дели картони, особено на фудбалерите на Барселона.

Статистиката покажува дека Манзано и доделува најмногу картони на Барселона од кој било друг судија, а надалеку е познат по тоа што е единствениот во историјата кој ги исклучи Меси, Нејмар и Луис Суарез.

Каталонските медиуми пишуваат дека Манзано секогаш доаѓа како судија на меч на Барса кога тимот е под најголем притисок, што и случај и сега. Дури четворица играчи во тимот на Чави стравуваат од суспензија за „Ел Класико“ кое следува на 19 овој месец. Капитенот Серхио Бускетс, Франк Кеси, Рафиња и Феран Торес имаат по четири жолти картони, а доколку добијат јавна опомена утре, ќе го пропуштат дуелот со Реал.

Исто така, овој меч поради повреда ќе го пропушти и Усман Дембеле, кој исто така нема да биде на располагање за Реал Мадрид.

ПретходноЌе се случи ли предавство: Асенсио призна дека може да заигра за Барселона!?
СледноРобињо е во бегство: Полицијата трага по екс-репрезентативецот на Бразил кој треба да оди во затвор