Малески: Посакувам Струга ТЛ да слави и против “лавовите“!

202

Утре со почекот од 14 часот, лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот ја Струга ТЛ, на свој терен ги дочекува “лавовите“ од Ѓорче кои доаѓаат без својот, сега веќе некогашен стратен Муарем Бајрами. Составот на Македонија ЃП ќе ги води помошникот Џангаровски.

Струга ТЛ во третиот круг од сезоната влезе со +4 во однос на вториот Шкупи.

Во пресрет на дуелот со Македонија ЃП, свое видување има напаѓачот на стружани Христијан Малески, еден од најдобрите млади фудбалери во ПМФЛ:

“Против Македонија Ѓ.П како екипа очекувам да гo дадеме максимумoт, да ја одиграме нашата игра која ја знаеме и да не промaшуваме премногу шанси, како што се случи на последниот натпревар против нив, кога не можевме да постигнеме голови ни од пенал. Атмосферата во тимот е многу добра, особено по таа голема победа над Шкупи, па веруваме дека ќе продолжиме со нови победи. Инаку да кажам дека против Шкупи за првпат играв како крилен играч од средниот ред. Тренерот Дуро ми побара такво нешто и јас го прифатив. Верувам дека кaкo јас, тaкa и целата екипа успешно ги завршивме задачите дадени од тренерот“ изјави Малески.

ПретходноВасоски: А. Пандев нема да се брани против Шкендија, очекувам отворен и квалитетен дуел!
СледноПо бод за Болоња и Лацио!