Во меч од 26.коло во Серија А, вечерва Болоња и Лацио во не толку квалитетен меч одиграа без победник и тоа 0:0. И двете екипи имаа шанси за погодок во првиот дел, домашните преку Фергусон а гостите преку Педро и Луис Алберто, но сепак на крајот резултатот гласеше со оние почетни 0:0.
Се чини дека и двете екипи повеќе посакуваа да не загубат отколку да победат.
Па така со ова реми Лацио остана на третото место со бод помалку од вториот Интер на табелата, додека Болоња се искачи едно место погоре, сега е седма.