Мбапе е стрелецот на 3.000 гол за “светците“ во Лига 1, во 90+1 минута го спаси ПСЖ од нова бламажа! (ВИДЕО)

323

Килијан Мбапе со гол во 90+1.минута го спаси ПСЖ од нова бламажа. Имено резултатот беше 1:1 до тие моменти, но по асистенцијата на Меси, токму Мбапе успеа да погоди за победа од 1:2 на гостувањето кај Брест.

Сепак ова беше уште едно лошо, да не кажеме ужасно издание на “светците“, на прескапиот тим на ПСЖ под водство на стратегот Криштоф Галтие.

Да кажеме дека ПСЖ успеа да поведе во 37.минута со голот на Солер, домашниот состав на Брест израмни во 43.минута преку Хонорат.

На крај Мбапе стрелаше за победа и за нови три бода.

Инаку овој гол на Мбапе е вкупно 3.000 за ПСЖ во Лига 1, навистина убав јубилеј на тимот од Париз.

Image

ПретходноПо бод за Болоња и Лацио!
СледноКлајверт и донесе три бода на Валенсија! (ВИДЕО)