По одигрувањето на последните мечеви од групната фаза на Еуро 2020, не само што се познати двојките за осминафиналето, туку веќе стана јасно каков ќе биде и патот на репрезентациите до евентуалното финале.
Ако се погледне костурот кој ги дормира мечевите до крајот на првенството, некои селекции навистина имаа среќа. На пример, Холандија, која беше прва во нашата група, на патот до полуфиналето ќе има условно најлесен пат, но затоа за репрезентации како Белгија, Франција, Хрватска, Шпанија веќе секој натпревар ќе биде рамен на финале.