Педри не потпишува нов договор со Барса, бара плата како што добива Ансу Фати

1000

Играчот за врска на Барселона, Педри одбива да потпише нов договор со клубот. Тековниот договор на младиот талент е до крајот на следната сезона, со можност за продолжување на уште две сезони. Сепак, играчот и неговиот агент бараат зголемување на платата, што претседателот Лапорта одбил да му го овозможи.

Педри побарал плата во висина на онаа која Барса му ја даде на Ансу Фати, но неговите шефови нудат многу помалку. Во моментов двете страни не можат да постигнат договор, па Падри е подготвен од следната сезона да си бара и нов клуб.

18-годишниот фудбалер имаше одлична сезона за Барселона. Одигра 52 натпревари на сите турнири и постигна 4 гола. Со неговите добри игри стигна и до репрезентацијата на Шпанија, за која веќе има 6 натпревари и моментално е дел од составот на Еуро 2020.

ПретходноАмериканците одбраа: На ЛОИ во Токио без Харден, Дурент е лидерот
СледноНови пресметки: Франција прв фаворит на Еуро 2020, Хрватите отпишани! (ФОТО)