По четирите премиерлигашки меча без успех, екипата на Њукасл им се врати на победите и во рамките на 27.коло го совладаа тимот на Вулверхемптон со 2:1.
Њукасл имаше мал застој две ремија и два порази во првенството, па остана без трофејот од Лига купот по поразот од Манчестер Јунајтед во финалето, но успеа да впише важни бодови во борбата за излез во европските купови.
„Страчките“ поведоа во 26 минута. Трипие изведе слободен удар, а Александар Исак со глава го совлада противничкиот голман. Во 70 минута Хванг го изедначи резултатот (Голот погледнете го овде), меѓутоа домашните, сепак, ги грабнаа бодовите.
Мигуел Алмирон со голот во 79 минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) ја обезбеди победата за Њукасл со која клубот се искачи на петтото место на табелата кое води во Лига Европа. За Њукасл не се далеку и местата кои водат во ЛШ, третото и четвртото место кое ги држат Манчестер Јунајтед со 50 бода и Тотенхем со 48 бода.