Фудбалери на Кадиз го нападнале и пцуеле судијата, голманот се соочува со суспензија од 12 меча!

152

Голманот на Кадиз, Џеремаја Ледесма се соочува со суспензија од 12 натпревари, откако во петокот по натпреварот со Хетафе во 25. коло од Ла Лига го навредувал и туркал судијата. За време на мечот дојде до тепачка меѓу играчите, поради што од теренот беше отстранет дефанзивецот на Кадиз, Исак Карселен.

Конфликтот продолжи и по натпреварот во подтрибинскиот простор. Според информациите од записникот од натпреварот, голманот на Кадиз турнал соиграч кој бил зад главниот судија на натпреварот, Алехандро Ернандез, за ​​да го удри арбитарот.

Според „Марка“, дисциплинската комисија на Шпанска фудбалска федерација ќе го разгледа инцидентот, а Ледесма се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари.

Покрај тоа, црвен картон доби и тренерот на голманите на Кадиз, Лоло Бокардо поради обидот да се пресмета со главниот судија по натпреварот. Тој подоцна го нарече судискиот тим „кучкини синови“. Во протоколот на натпреварот се појавува и помошникот на главниот тренер Диего Рибера, кој го турнал Ернандез во тунелот на излегување од теренот.

ПретходноНеверојатна сцена на СП – Електричар во три потези го исфрли МВП играчот вреден 30 милиони долари
СледноСимов пред промоција во Ѓорче