Дуро: Бевме подобри, требаше да победиме

228

Екипата на Струга Трим Лум, лидерот во домашното првенство, вчера на домашен терен одигра 0:0 против екипата на Македонија ЃП. Новиот тренер на тимот, Шпетим Дуро, по мечот го изрази своето задоволство од залагањето на фудбалерите, иако пропуштија да дојдат до планираните три бода.

„Бевме подготвени да победиме на овој натпревар. Мислам дека бевме доминантни во текот на целиот натпревар. Првото полувреме беше малку побавно, не создадовме многу шанси, додека во второто полувреме, како резултат на некои промени што ги направивме, го зголемивме темпото на игра и имавме можности за гол, но за жал не успеавме да ги финализираме истите“, вели Дуро.

Струга ТЛ по ова коло има два бода предност пред второпласираниот Шкупи.

ПретходноВо тешка сообраќајна несреќа загинаа фудбалери на германски фудбалски клуб
СледноТер Штеген 150 мечa без примен гол: Само Валдез и Зубизарета биле подобри од него!