Неколку турски медиуми уште вчера најавија дека легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, оваа недела треба да пристигне во Истанбул за да одржи состанок со раководството на локалниот шампион Трабзонспор. Клубот е во потрага по нов тренер, а поранешниот прв човек на Астон Вила е фаворит број еден за оваа функција.
Во моментов ситуацијата во Трабзонспор не е лесна, бидејќи клубот е без претседател. Раководните функции во тимот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган, а тој се обидува да го донесе Џерард во тимот. На крајот на март се очекува да биде избран новиот претседател на Трабзонспор, па доколкУ Доган ја добие довербата, големи се шансите Џерард да седне на клупата на тимот во чии рфедови настапува и нашиот репрезентативец Енис Барди.