Конечно Шкендија почна да игра добар фудбал, почна да победува и да ги радува своите фанови. На последните 4 меча освоени се 10 бодови, а посебно тетовци добро одиграа вчера против А. Пандев во меч кој го добија со 2:1. Се чини дека и дефинитивно стратегот Ќатип Османи ги нареди “коцките“ на својот тим и сега е полесно. Во конкуренција на Горан Здравков од Брегалница, ние сепак се одлучивме за тренер на 23.коло да го прогласиме Ќатип Османи.